Connect with us

Струмица

Подобрени условите за реализација на воспитно-образовниот процес во речиси сите училишта во Општина Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Во скоро сите училишта, во Општина Струмица  во текот на летниот период биле реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес во новата учебна година, информираат од општината.

Во ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса извршена е реконструкција на фасада на задниот дел од училишната зграда со површина од 470 метри квадратни.

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле поставен е порамнителен слој во една училница и во канцеларијата на секретарот и поставување на ламинат во овие простории, набавка на смарт табла, белење на ходниците во училиштето и санација на ѕидовите.

Во ООУ „Сандо Масев“ извршено е варосување на цокле во централното училиште низ сите училници, целосно белење и обновување на внатрешен ентериер на ходниците во централното училиште, лакирање на паркетот во спортската сала, санација и обновување на кошаркарското игралиште во централното училиште, целосно белење и обновување на сите тоалети во централното и санирање на тоалетите во подрачното училиште во Баница.

Во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица извршено е брусење на стар паркет во три училници и мал ходник, лакирање и полирање, реконструкција на фасадата на југоисточниот дел на училиштето со поставување на термофасада и реконструкција на под во една училница.

Во ООУ „Видое Подгорец“ извршено е обновувањето на цоклето во ходниците со специјална мрсна боја, поставување на термофасада на училниците за учениците од прво одделение и уредување на патеката до овие училници со поставување на бекатон плочки.

Во ООУ „Даме Груев“ од Куклиш направена е промена на под во 2 училници и поплочување на патеката до училиштето.

Во ООУ „Никола Вапцаров“ извршено е белење на училниците и ходниците во централното училиште, како и во подрачното училиште и се заменети казанчиња, чешми и писоари во ученичките тоалети.

Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино извршено е санирање на влага, поставена е линија за парно греење и заменета електричната инсталација во подрачното училиште во Банско, поставени се нови табли за кошаркарско игралиште и завршено опремувањето на ракометното игралиште во Муртино.

Во ООМУ „Боро Џони“ се набавени УВ прочистувачи на воздух во секоја училница и извршено е генерално чистење на училишната зграда.

Во СОУ „Јане Сандански“ комплетно е завршено белењето во училиштето и делови на фасадата, санирани се кошевите на кошаркарското игралиште, извршено е механичко чистење на училиштето и адаптирана е просторија за аеробик, гимнастика и пинг понг (белење, промена на прозорци, поставување ламинат).

Во СОУ „Никола Карев“ се вршат подготвителни активности за изработка на подвижна трибина во училишната спортска сала и реконструкција на соблекувални (водовод, плочки, санитарии) во спортската сала.

Струмица

Ќе се пришируват капацитети на струмичката болница, новиот крак се пренаменува во ковид центар

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство планира да ги проширува капацитети на болниците за сместување на пациенти позитивни на Ковид -19. Денеска во посета на струмичката болница беше Министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе се пришируват капацитети на струмичката болница, новиот крак се пренаменува во ковид центар

„Новиот крак од струмичката болница го пренаменуваме како ковид центар. Опремен е и снабден со болнички кревети, со централен довод на кислород. Има капацитет од 100тина кревети и за неколку денови ќе ставен во функција. Денеска ги посетив болниците во Штип и Струмица каде заедно со директорите и вработените разговаравме за предизвиците кои произлегуваат од зголемениот наплив на пациенти заболени од ковид-19“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на струмичката Општа болница.

„Ги зголемуваме термините, но и бројот на тестови за ковид-19. Дадовме насока на сите лаборатории за време на празникот и викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања. Од денеска, за двојно ги зголемуваме и болничките капацитети. Со ова, значајно се зајакнува бројот на кревети за два до три пати. Но, целта не е да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила и законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и ограничување на собирите ќе ја намали епидемијата во земјава“, вели Филипче.

Continue Reading

Струмица

Доживотен затвор за двојниот убиец Велев од с. Добрејци

Александар | Media Press

Published

on

Струмичкиот основен суд денеска ја соопшти пресудата за двојниот убиец од село Добрејци. Марјанчо Велев (55) е осуден на доживотна затворска казна за двете обиства на суров начин.

Судијката Марина Абрашева во пресудата образложила дека е применет член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор.

Судењето на обвинететиот Велев започна на 7-ми Октомври, пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен и не го сторил делото за кое е поведена судска постапка.

Осудениот има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена од изрекувањето на пресудата.

Continue Reading

Струмица

Кривична пријава за лице од Струмица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и И.В.(45) од Струмица, управител на наведеното правно лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26/27.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, така што на повеќе стоечки маси, околу кои биле присутни повеќе лица, без да има доволно столици за сите, било извршено послужување, а на сите маси немало дезинфекциски средства и не се носеле заштитни маски на лицето.

Continue Reading