Економија
Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Published
4 months agoon
By
Media Press
Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.
„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.
Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.
Поврзани содржини
Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
Владата ќе дели средства за сончеви колектори, печки на пелети, пвц прозорци и фотонапонски панели
Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска
Нема промена на цените на горивата на бензинските станици
Економија
УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Published
10 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра
При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Економија
Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата

Published
15 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Владата на својата официјална веб страница го објави списокот со платите на владините функционери за месец Декември.
Во списокот има податоци за нето-платата, додатокот за минат труд и вкупната нето-плата, како и информација за стажот на функционерите.
Највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Неговата плата изнесува вкупно 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.
На второ место на листата е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 денари, каде е нагласено дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.“ – стои во соопштението на Владата.


Економија
Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Published
1 day agoon
January 21, 2021By
Media Press
Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
