Connect with us

Македонија

148 нови случаи позитивни на ковид-19, нови случаи и во Југоистокот

Media Press

Published

on

Три лица починаа, а 148 се позитивни на ковид-19 од 1.224 тестирања во последниве 24 часа. Пациентите се починати во болнички услови и се од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).

Новите случаи на ковид-19 по градови се: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.629, од кои оздравени се 14.581,  починати  725, а во моментов активни се 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.881, активни 684
• Куманово 1.745, активни 182
• Дебар 284, активни 42
• Штип 1.251, активни 53
• Прилеп 667, активни 128
• Тетово 1.424, активни 174
• Струга 664, активни 58
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 59
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 103
• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 233, активни 150
• Крива Паланка 107, активни 29
• Радовиш 76, активни 18
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 340, активни 149
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 341, активни 37
• Кичево 324, активни 39
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Македонија

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска во однос на пензискиот систем посочи дека суштината на реформата е обезбедување на негова стабилност,  навремена исплата на пензиите и нивни раст.

„Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето по Закон, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно,на годишно ниво тоа е е околу 2200 денари. Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам“, истакна министерката Шахпаска.

„Со законското усогласување пензионерите добиваат плус 185 денари месечно, на годишно ниво е околу 2200 денари, што е многу повеќе од линеарното претходно“, додава Шахпаска.

Во однос на прашањето за докуп на стаж министерката истакна дека тоа е дел од владината програма и останува да биде реализирано до крајот на мандатот на оваа Влада.

За законското решение недела да биде неработен ден министерката Шахпаска истакна подготвената драфт верзија е разгледана и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.
„Суштината на законското решение недела неработен ден е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор, да бидат со своите семејства, но мора да се предвидат и исклучоци, кои ќе значат непречено функционирање на општеството. При анализите и споредбите со другите европски земји, заклучивме дека треба да се има предвид за која земја се работи и нејзиниот економскиот потенцијал,“ истакна Шахпаска.

Continue Reading

Македонија

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

Media Press

Published

on


Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

„Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика .

Continue Reading

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.


Continue Reading