Connect with us

Економија

(Видео) Мицкоски: Четвртиот пакет мерки не само што е задоцнет туку и дополнително ќе ја продлабочи кризата

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата.

„Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа.Четвртиот пакет не само што е задоцнет и нема да одговори на потребите на граѓаните, туку напротив и доолнително ќе ја продлабочи кризата. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни  најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус речиси 13 проценти намалување бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи Мицкоски , беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп. Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од меркиуте за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

Мицкоски истакна дека резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство-извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал (вториот квартал), раст на невработеноста од 40 илијади лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата.

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Економија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

Александар | Media Press

Published

on

Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

„Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.“ – пишува во соопштението од СДСМ

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

Continue Reading

Економија

Над 550 милиони денари промет е остварен за Викенд без ДДВ

Александар | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари.

Управата за јавни приходи ќе им ги исплати парите на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки.“ – соопштуваат од УЈП

Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2.2 пати зголемена.
Дополнително скенирани се 3 пати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи овој викенд во однос на истиот од минатата година.

Првата мерка од 4 – сет на антикризни мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија стартуваше токму со мерката ,,Викенд без ДДВ“ кој целосно ја спроведе Управата за јавни приходи.

Резултатите од оваа мерка се повеќе од успешни бидејќи значат повеќе пари назад кај граѓаните, зајакнување на домашниот буџет и истовремено зголемена потрошувачка на македонски производи и услуги. Поттикнување на промет кај македонските компании е поддршка во услови на криза, која влијае и на подобрување на ликвидноста на компаниите.

Continue Reading