Радовиш
Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Published
4 months agoon
By
Media PressПо завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година. Седницата ја водеше новиот претседател Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.
Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.
Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.
Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.
Поврзани содржини
Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година
Колку паушал земаат општинските советници
Советот на Општина Радовиш конечно го усвои Предлог – Буџетот за 2021 година на денешната седница
Советот на Општина Радовиш не го усвои Буџетот за 2021 година и на последната седница, дали институциите ќе останат блокирани
Црковниот храм свети Пророк Илија во Радовиш добива сосема нов лик, по реновирањето деновиве започна фрескоживописот на храмот
Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов
Радовиш
(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Published
7 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Радовиш
Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.
„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата, создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.
Радовиш
Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена водата во сите православни храмови односно денеска е Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.

Верниците кои што присуствува на утринската божествена литургија и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
