Connect with us

Валандово

Одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб во Валандово

Media Press

Published

on

Поради влошената епидемиолошка слика во општинаВаландово Синоќа беше одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

-Целосна институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид 19;

-Зачестени контроли на МВР и пазарниот инспекторат низ општината;

-Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции;

-Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата и останатите институции во општината;

-ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да вршат редовна и секојдневна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината, информираат од Општина Валандово. Инаку во текот на вчерашниот ден во Валандово беа регистрирани 4 нови случаи  позитивни на Ковид -19.

Валандово

Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи категории граѓани во Општина Валандово

Media Press

Published

on

Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост во Општина Валандово.

„Во тимот за помош и поддршка се вклучени медицинско лице, социјален работник и две лица за основни работи. Овој тим ќе биде во секојдневна комуникација со граѓаните кои имаат потреба од помош и истиот ќе пружи основна медицинска помош и ќе врши набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и слично“ информира градоначалникот Перо Костадинов.

Станува збор за Проект “Се грижиме” е финансиран од страна на УНДП и Општина Валандово и истиот ќе трае до 31.03.2021 година.

Сите граѓани кои имаат потреба, може да се пријават на: 071/239-849 велат од општината.

Continue Reading

Валандово

Општина Валандово ги повикува граѓаните да се вклучат во креирањето на Буџетот за 2021 година

Media Press

Published

on

Во тек е подготовка на Буџетот за 2021 година на општина Валандово.

Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, општина Вландово подготви анкетен прашалник и ги повика граѓаните да го пополнат истиот со што би се вклучиле во креирањето на Буџетот за наредната година.   „Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник“, велат од општината. Во прашалникот граѓаните ќе можат да ги посочат актуелните проблеми, да предложат на што да се даде приоритет се со цел подобри услови за сите граѓани а средствата во Буџетот, правилно да се насочат.

Continue Reading

Валандово

Засилени мерки за справување со Ковид – 19 во општина Валандово откако состојбата станува алармантна

Media Press

Published

on

Поради лошата епидемиолошка слика во општината, синоќа повторно заседаваше Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;

Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;

Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;

Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;

Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;

ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината; информираат од општината.

Continue Reading