Connect with us

Македонија

Се отвараат студентските и средношколските домови, ќе работат под посебни протоколи и редуциран број на станари во собите

Виолета | Media Press

Published

on

На вчерашната 5-та Владина седница прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови. Владата утврди дека истите треба да бидат отворени, за што дополнително ќе се утврди кога, но со строго почитување на Протоколите за сместување донесени од Комисијата за заразни болести. Државниот студентски дом ги известува студентите и средношколците дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

На вчерашната седница на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

Со измените во овој предлог закон, се уредуваат условите во вонредни околности (постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови. На оние студенти/средношколци на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата на Македонија.

ДСД ги повикува студентите и учениците да се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата за времетраењето на вонредните околности, предвидено со овие измени.

Поради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

Државниот студентски дом апелира до сите студенти да се придржуваат до протоколите бидејќи тоа е единствениот начин на зачувување на сопственото и здравјето на најблиските. Во изминатиот период кога студентските домови беа празни, ДСД ги дезинфицираше сите три студентски домови кои се под надлежност на институцијата и изврши реновирања со цел подобри и побезбедни услови за престој на студентите.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Викендов започнува зимското сметање на времето

Виолета | Media Press

Published

on

Викендов започнува зимското сметање на времето. Односно ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па сеуште не се зане дали ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Continue Reading

Македонија

РКЕ со предлог измени во законот за енергетика за поголеми ингеренции

Александар | Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија подготвува предлог измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежност во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Иницијативата за зајакнување на ингеренциите преку измени во Законот за енергетика следува откако на почетокот на грејната сезона РКЕ одржа состанок со БЕГ и сите останати компании кои го снабдуваат Скоје со топлинска енергија на кој од страна на компаниите беше информирани дека ќе нема проблем за почеток на грејната сезона.

Од таму потенцираат дека ингеренциите мора да се зголемат за да се пишуваат посериозни казни кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании. Со зголемување на казните ќе се делува превентивно и операторите на дистрибутивните мрежи ќе се дисциплинираат и сериозно ќе се сфати нивната улога. Овие казни се мали и незначајни за енергетските компании, а при нивно зголемување ќе се заштитат потрошувачите.

Continue Reading

Македонија

Со положување на свежо цвеќе, одбележан 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борбa

Виолета | Media Press

Published

on

Со положување на свежо цвеќе во Паркот на младите во Радовиш беше одбележан  23 Октомври Денот на  Македонската револуционерна борба.  Свежо цвеќе беше положено на на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 23 октомври се празнува во чест на  фомрирањето на  Македонската Револуционерна Организација која е најсилното движење на Македонците за ослободување

По тој повод свежо цвеќе положија повеќе делегации. Делегација од локалната самоуправа на  општина Радовиш, Советот на општина Радовиш, Општинските организации на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Празникот се празнува по повод основањето на Македоската револуционерна органзиација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо ТатарчевДаме ГруевПетар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Празникот се празнува од 2007 година како државен празник, кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници, истовремено е и неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Continue Reading