Connect with us

Македонија

Како дел од мерките кои се разгледуваат е и задолжително носење на маска и на отворено

Media Press

Published

on

Дел од мерките кои се разгледуваат се задолжително носење на маска и на отворено, најави министерот Филипче на вчерашната прес-конференција. Потоа ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни собери и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено (со мал број на гости и соодветна дистанца), намалување на капацитетот на јавниот превоз и сл.

Од анализите на епидемиолошките анкети на ново заразените, тој посочи дека јасно може да се заклучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се: на групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

„Очигледно граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои ги сносиме сите од нивното непочитување. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период кој го имавме полека завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме јавното здравје и здравствениот систем. И повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот. Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој.  Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците кои ги носи есента, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат мерките. Во тек се анализи за воведување на нови мерки, за спречување на понатамошно ширење на вирусот. Тука сакам да посочам дека наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот“, потенцираше Филипче и додаде дека целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движење или мерки кои повторно ќе ја закочат економијата и целосно ќе не затворат во нашите домови, но доколку тоа биде нужно, тоа и ќе се направи.

Министерот Филипче рече дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем.

„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште на почетокот на летото, почнавме да го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемивме капацитетите, го зголемивме бројот на здравствени работници и го реорганизиравме системот. Но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките исто така ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да пружат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои“, додаде Филипче. 

Македонија

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска во однос на пензискиот систем посочи дека суштината на реформата е обезбедување на негова стабилност,  навремена исплата на пензиите и нивни раст.

„Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето по Закон, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно,на годишно ниво тоа е е околу 2200 денари. Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам“, истакна министерката Шахпаска.

„Со законското усогласување пензионерите добиваат плус 185 денари месечно, на годишно ниво е околу 2200 денари, што е многу повеќе од линеарното претходно“, додава Шахпаска.

Во однос на прашањето за докуп на стаж министерката истакна дека тоа е дел од владината програма и останува да биде реализирано до крајот на мандатот на оваа Влада.

За законското решение недела да биде неработен ден министерката Шахпаска истакна подготвената драфт верзија е разгледана и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.
„Суштината на законското решение недела неработен ден е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор, да бидат со своите семејства, но мора да се предвидат и исклучоци, кои ќе значат непречено функционирање на општеството. При анализите и споредбите со другите европски земји, заклучивме дека треба да се има предвид за која земја се работи и нејзиниот економскиот потенцијал,“ истакна Шахпаска.

Continue Reading

Македонија

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

Media Press

Published

on


Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

„Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика .

Continue Reading

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.


Continue Reading