Радовиш
Дечињата од детската градинка во Радовиш, испратија порака за мир со што го одбележаа Светскиот ден на мирот
Објавено на
Од
Media Press
Со испишани пароли со кои се испраќа порака за мир и љубов, дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш го одбележаа Меѓународниот ден на мирот 21 септември.
Со испишани пароли со кои се испраќа порака за мир и љубов, дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш го одбележаа Меѓународниот ден на мирот 21 септември. Во дворот на градинката дечињата со музика и песнички посветени на мирот, испратија порака за мир.
Мирот започнува со секој од нас, затоа сите заедно да го негуваме кај децата уште од најмала возраст, порача директорката Љупка Тренчева која додаде дека годинава го одбележуваат Светскиот ден на мирот, согласно препораките поради актулената ситуација.
Дечињата испееја и песничка посветена на мирот а секое дете држеше и балон со испишани пароли, кои на крајот ги пуштија во воздух.
Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година.
Во однос на актуелната ситуација со корона вирусот, засега нема никакви проблеми во детската градинка Ацо Караманов во Радовиш. Мерките и препораките се почитуваат и од страна на вработените и од страна на родителите, додаде Тренчева.
Во моментот во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се згрижени околу 320 дечиња од кои 220 во градот и 100 дечиња во наслените места.

Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

