Connect with us

Македонија

Денеска се празнува раѓањето на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Media Press

Published

on

Денеска православните верници го слават верскиот празник Мала Богородица или раѓањето на Пресвета Богородица.  кој секоја година се одбележува на 21 септември. По тој повод во црковниот храм Света Троица  о Радовиш беше одржана света божествена литургија во присуство на голем број верници.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица која е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Според жотоето татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. По татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца.

И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. Постојано  Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонците. Многу цркви во Македонија се посветени на неа и го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading

Македонија

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Media Press

Published

on

Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм

Continue Reading

Македонија

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Media Press

Published

on

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.

Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Continue Reading