Радовиш
Општина Конче ќе го уредува коритото на Дединска река, со што ќе се намали ризикот од поплави
Објавено на
Од
Media PressОпштина Конче започна со реализација на проектот за уредување на течението на Дединска река, со регулација на речното корито и изградба на цевести пропусти, со што ќе се намали ризикот од поплави.
Проектот е финасиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во вредност од околу 150 илјади евра.
Денеска во Дедино беше извршена презентација на проектот од страна на проектниот менаџер Верица Гогова, а градоначалникот Благој Илиев го истакна значењето на овој проект за локалното население.
Градоначалникот на Општина Струмјани од Бугарија, која е проектен партнер, поради актуелната ситуација со корона кризата се обрати преку видео порака.
Градоначалникот Илиев по завршената презентација изврши увид на градежните активности на реката и уште еднаш го потенцира значењето на овој проект за Дедино и за регионот воопшто .

Дединска река е стрмна и брза река која при обилни дождови има однесено и човечки животи. Општина Конче даде приоритет на овој проект со цел безбедно поврзување на двете страни на селото и избегнување на природни катастрофи. Истиот се очекува да заврши до месец јули наредната година.
Поврзани содржини

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Правен субјект од Дедино вршел дејност без соодветно одобрение и препакување производи со несоодветна декларација

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

ДЗС: Отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

