Connect with us

Струмица

Отворена изложбата на дела создадени на овогодинешната 57-ма Меѓународна струмичка ликовна колонија

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот Коста Јаневски, синоќа, во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“ ја отвори изложбата на дела создадени на овогодинешната 57-ма Меѓународна струмичка ликовна колонија.

„Вечерва на показ ги имаме творечките ликовни продукти кои беа создадени од 10 до 20 август во рамките на Колонијата, во услови на почитување на однапред утврдени протоколи кои беа нужни во ова време на пандемија. Уметноста и уметниците се издигнаа над злото кое демне над сите нас, и како резултат на тоа беа создадени овие триесет дела во различни ликовни дисциплини, кои вечерва се изложени пред струмичката и пошироката јавност“, рече градоначалникот Јаневски.

Струмица

Актуелната состојба со заболени од корна вирус во Струмица, повод за одржување состанок на Локалниот совет за превенција

Виолета | Media Press

Published

on

Почитување на законите и протоколите на Владата во пандемија на КОВИД-19, беше темата на одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа и сопственици на угостителски објекти и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби и институции во Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека овој состанок бил свикан поради зголемениот број на заболени со Ковид -19 во Општина Струмица, со цел да се разговара со претставниците на надлежните институции и угостителите  и да се донесат дополнителни  заклучоци и предлози за да се превенира во актуелната сосотојба со корона вирусот. Главен заклучок како што рече Јаневски бил да се преземат по ригорозни мерки и контроли за почитување на мерките за заштита и дополнителни критериуми кој ќе мора да ги почитваат локалите.

Во Струмица, со месеци имаше многу мал број на ново регистрирани случаи на Ковид 19. Во последните петнаесетина дена состојбата се смени ,а бројот на нови случаи значително се зголеми. За неколку дена беа регистрирани и неколку смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани 191 случај од кои 122 се активни.

Continue Reading

Струмица

Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Јавното претпријатие за државни патишта ја подобрува патната инфраструктура во регионот. Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри.

На ден 25.09.2020 година (петок) со почеток во 11 часот во просториите на домот на АРМ ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Continue Reading

Струмица

Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица -Радовиш, поточно на раскрсница за село Василео била случена сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

Continue Reading