Connect with us

Босилово

Училиштата во Општина Босилово имаат услови за одржување настава со фисичко присуство на учениците

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков оствари средба со директорите на трите основни училишта во општината. На средбата директорите ги презентираа просторните и други можности на училиштата, за организација на наставата со физичко присуство во училиштата, согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, со цел успешен почеток на новата учебна година.
,,Настава со физичко присуство во училница од IV до IX одделение и од прва до четврта година може да се реализира во училиштата со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, бројот на деца во одделението, согласно епидемиолошката состојба во подрачјето/општината на која се наоѓа училиштето”, предвидува Планот.

 „Терминот ,,физичко присуство” не значи да ги ставиме децата во карантин туку нормално да продолжат со нивниот физички и ментален развој,додека другите предуслови за да може сето тоа непречено да се одвива со минимален ризик треба да ги обезбедиме ние возрасните. За таа цел Советот на општина Босилово одржа седница и донесе :,,Одлука за организирање на настава со физичко присуство,за учениците од IV до IX одделение” за :ООУ Гоце Делчев -Босилово ООУ Кирил и Методиј -Иловица и ООУ Борис Трајковски-Моноспитово,додека општината заедно со сите други пропратни документи поднесе барање до Комисијата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство,која што е единствена да одлучува по оваа прашање“, вели градоначалникот Зимбаков.

Босилово

Наскоро нова детска градинка и во општина Босилово

Виолета | Media Press

Published

on

Во тек е изградбта на првата детска градинка во Босилово.По  извршениот увид на објектот во изградба, Детска градинка, градоначалникот Зоран Зимбаков информира дека, градежните работи на објектот се во фаза на карабина и се одвиват со планираната динамика.
Инаку, овој современ објект ќе биде со капацитет од 60 до 80 дечиња. Се очекува да биде завршен до крајот од месец Март оваа година.

Инаку оваа градинка е прва во Босилово, во која за најмалите ќе бидат обезбедени модерни и современи услови, информира Општина Босилово.

Continue Reading

Босилово

Марија Брзакова од Босилово веќе три дена е исчезната, ја бара и полицијата

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.01.2020 во 15.20 часот во Полициска станица Струмица Б.Б.(29) од село Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во с.Босилово се оддалечила неговата сопруга М.Б.(28).

Станува збор за Марија Брзакова од Босилово, на возраст 28 години која излегла од дома на 18.01 2020 година во утринските часови облечена во тренерки и отогаш не се појавила.

 Полициска станица Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето

Continue Reading

Босилово

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски ги посети земјоделците од струмичкиот регион

Виолета | Media Press

Published

on

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски  при посетата на струмичкиот регион во разговор со земјоделците добил информација дека се касни со исплатата на државните субвенции,и  исплатата на земјоделските производи.

Трипуновски го посети село Сарај, општина Босилово, и село Сушица, општина Ново Село. Внимателно ги слушав и им дадов ветување дека како дополнителен заменик министер ќе дадам се од себе да ги решам проблемите на земјоделците, бидјеќи цврсто сум убеден дека силен земјоделец значи силна држава, додава Трипувовски.

Continue Reading