Connect with us

Струмица

Денот на независноста 8 Септември, со пригодна свеченост беше одбележан во Струмица

Avatar

Published

на

Со пригодна свеченост којашто се одржа пред споменикот на Гоце Делчев, вчера во Струмица беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија. За значењето на празникот зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.
Во чест на првиот Претседател на државата – Киро Глигоров, на првиот Претседател на Владата – Никола Кљусев и на сите починати кои низ историјата дале свој придонес за слободата и независноста на Македонија, беше положено свежо цвеќе, а членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.

„Денес славиме 29 години – самостојност, 29 години – независност, 29 години сувереност и исто толку години стремеж кон поубавото утре. Осми септември е еден од тие датуми со кои премостуваме далечни и блиски временски дистанци“ рече меѓудругото градоначалникот Јаневски.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе