Connect with us

Македонија

(Видео) Обраќање на претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста

Avatar

Published

на

Пред скоро три децении, во 1991-та, на референдум, убедливо мнозинство наши граѓани гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Македонија. Оттогаш имавме и напредок и падови во борбата за демократски вредности. Патот по кој тогаш тргнавме не е лесен. Тој бара политичари кои носат одлуки во интерес на граѓаните, транспарентни институции, постојан дијалог меѓу власта и опозицијата, граѓански сектор кој ја преиспитува работата на секоја власт и слободни медиуми кои работат за јавниот интерес, а не под диктат на политиката или бизнисот. Исто така, демократијата не препознава дискриминација врз основа на национална или етничка припадност, боја на кожа, пол, сексуална ориентација, социјално потекло, верско или политичко уверување, попреченост или која било друга основа.

Оваа година беше тешка и за нас и за светот поради пандемијата на Ковид-19. Криза која ги зафати сите сфери на нашето живеење и остави трајни последици врз начинот на кој работиме, се дружиме, начинот на кој учат нашите деца. Пандемијата сигурно ќе биде со нас уште некое време и ќе донесе дополнителен притисок врз целото општество. Но, со заеднички сили и посветена, напорна работа можеме да ги надминеме тие проблеми.

Почитувани,

Оваа година беше и година на наш, голем заеднички успех. По решавање на деценискиот спор за името со Грција и имплементирање на потребните реформи, станавме полноправна членка на НАТО и со тоа исполнивме една од двете главни стратешки цели на надворешен план. Оваа година очекуваме уште еден успех – формален почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ако постои национален консензус за тоа на зборови, сега е нужен и реален, конкретен консенсус меѓу власта и опозицијата, невладиниот сектор и бизнис заедницата за брзо завршување на преговорите затоа што тие се исклучително значаен инструмент за подобрување на животот на сите наши граѓани.

Почнувајќи ја триесеттата година на нашата независност, очекувам, Вие граѓаните да останете гласни и постојано да барате од нас политичарите одговорност затоа што ние сме должни да работиме во ваш интерес. Заеднички императив е следните години да живееме многу подобро отколку до сега. Со многу работа и со меѓусебно почитување тоа сигурно ќе го постигнеме.

Нека ни е честит Денот на независноста! Нека ни е вечна државата!“, стои во обраќањето на пратседателот Стево Пендаровски.

Избори 2024

На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Avatar

Published

на

На 22 Мај во Среда прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, според одлуката која ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

Државната изборна комисија ги усвои приговорите за прегласување во Желино,   ИМ 2101  поднесен од Коалицијата„ Влен“, во Охрид,  ИМ 1272   поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, во Крушево,  ИМ 1194 и ИМ1202  поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, Струга,  ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“ и во Долнени,  ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“.

„Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба,  се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места“ соопштува ДИК.

Прочитај повеќе

Македонија

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ

Avatar

Published

на

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.

Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.

Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.

Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар

Avatar

Published

на

„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.

,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.

„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.

Прочитај повеќе