Connect with us

Македонија

Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права

Avatar

Published

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале  трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

За отварање на нова трансакциска сметка во друга банка,  близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа.

Кон барањето се доставуваат следниве докумети:

1. Копија на   Извод од матична книга на родените, за корисникот.

2. Копија на   Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за  старател за посебен случај.

2. Лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај).

3. Медицинска документација за корисникот.

4. Лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за  старател за посебен случај.

„Воедно Ве информираме дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок (до 25.08) не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

Имено, на координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ беше договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и  згрижувачките семејства за август 2020 година,  да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што  податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година“, стои во соопштението од МТСП.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе