Connect with us

Радовиш

Од среда стартуваат градинките, детските градинки во Радовиш подготвени да ги прифатат дечињата

Виолета | Media Press

Published

on

Се прават последните подготовки во  Детската градинка Ацо Караманов во Радовиш, која ќе започне со работа од среда 9 септември, како што беше најавено и од Министерството за труд и социјална политика. Околу 200 дечиња чии родители ќе мора да се вратат на работа, од среда ќе посетуваат градинка. Според директорката Љупка Тренчева тие се подготвени за прием на дечињата  согласно предвидениот протокол, но од ноември ќе имаат потреба од помош и од општината, за обезбедување на дополнителни простории, бидејќи има деца кои се на листа на чекање.

На дечињата ќе им се мера температура на влез во градинка, а ќе се дезинфицираат и рацете од страна на посебен ковид тим кој е обучен за оваа работа.

Дечињата оброк ќе добиваат во своите занимални, секое дете ќе има обележано столче со своето име, како и име на креветчињата  на кои ќе спијат во спротивна насока глава -нозе, додава диркторката Тренчева која се надева дака успешно ќе одговорат на новонастанатата ситуцаји со корона кризата. Инаку пред извесен период беа тестирани сите вработени во градинката и беа негативни на Ковид -19.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Изграден новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши изградбата на новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш, со што конечно  се решава проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Со паркингот кој го изгради Општина Радовиш со сопствени средства, се зголемува безбедноста во сообраќајот и заштитата на учениците.

Такси превозниците, сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркингот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

 Неколку пати беа и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на патници и повторно се враќаа на паркингот пред Здравствениот дом во Радовиш.

Тие деновиве прашуваат од кога ќе можат да го користат новоизградениот паркинг, притоа поздравувајќи го овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно им се решава проблемот со паркирањето.

Од Општината велат дека се потребни некои завршни активности околу обележувањето на паркингот и истиот наскоро ќе можат да го користат превозниците за потребите на училишниот и локалниот линиски превоз

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Continue Reading

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading