Connect with us

Струмица

Струмички дилер на дрога доби кривична пријава

Александар | Media Press

Published

on

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против С.К. од Струмица. Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. С.К. е уапсен поради исказ на Љ.Б. при претходно извршен преглед во неговата куќа на ул. „Благој Јанков Мучето“ во Струмица.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.К.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.02.2020 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, полициски службеници извршиле преглед врз Љ.Б. од Струмица и кај него пронашле кокаин, кој според неговиот исказ го купил од пријавениот С.К..“ – стои во соопштението од МВР.

Струмица

Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица -Радовиш, поточно на раскрсница за село Василео била случена сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

Continue Reading

Радовиш

Дали Југоистокот е ново жариште на корона вирус? Во Радовиш 8 нови случаи а во Струмица 15

Виолета | Media Press

Published

on

Осум пациенти починаа, а 144 се новозаразени од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. 

Continue Reading

Струмица

Зголемениот број на забоелни од Ковид -19 во Струмица, повод за координативен состанок на надлежните институции

Виолета | Media Press

Published

on

Актуелната состојба со КОВИД-19 во Општина Струмица, беше тема на вчерашниот координативен состанок којшто го иницираше градоначалникот Коста Јаневски, а на кој присуствуваа Петре Витанов директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева – епидемиолог, Наќе Гогов директор на Општата болница, Жанко Зимбаков заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан Даутовски раководител на Дирекција за заштита и спасување и Александар Оџаков секретар на општина Струмица.

„На состанокот се разгледуваа мерките од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести.
Заедничка беше констатацијата дека актуелната состојба е релативно загрижувачка, имајќи в предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години.

Од состанокот е упатен апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките – задолжително носење маска и одржување физичка дистанца. Одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето“, велат од општината.

Continue Reading