Здравје
Протоколи за одржување настава со физичко присуство во основните и средните училишта
Објавено на
Од
Media Press
Комисијата за заразни болести изготви протоколи за одржување настава со физичко присуство во основните и средните училишта, како и алгоритам за постапување во случај на заболено лице или дете од ковид. И во основните и во средните училишта, наставниот процес се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
- За влез и излез на учениците, училиштето ги става во функција сите влезови во училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение кое го истакнува на видни места во училиштето,
- На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на рацете,
- Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето,
- Во основните училишта родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби, секако со задолжително носење на маска/прекривка на лицето,
- На секој влез од училиштето, учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство,
- На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки. Во организиран и во јавен превоз, задолжително треба да се почитуваат мерките за заштита,
- Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лицето и носот, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца,
- Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете,
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар,
- На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот педијатар. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште,
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците,
- За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците,
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри. За основните училишта, секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. Доколку се реализира така, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри,
- Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците.Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето,
- Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени),
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре),
- Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето, како што е тоа случај во основните училишта, треба да биде соодветно спакуван или готов производ. Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава,
- Задолжително е редовно проветрување, хигиена и дезинфекција на сите простории училници, холови, тоалети, спортска сала, пред и по завршување на смената и за време на одморите,
- Не е дозволено влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив,
- Во средните училишта, за реализација на практичната обука и учење преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети,
- Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците. Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите,
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука,
Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот,
Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД – 19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје кој итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
Поврзани содржини

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово: Кога практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех

Воннаставна активност „Вело училиште“ денеска беше организирана во ОУ Никола Карев, во организација на ВК Бел камен – Серта од Радовиш

Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала

Започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, Општина Василево

Од денеска започна второто полугодие од оваа учебна година

Македонија утре во Брисел ќе ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, откако вчера беше потпишан протоколот со Бугарија
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

