Connect with us

Македонија

Општините добија рок до 9 септември да ги подготват градинките за отпочнување со работа

Виолета | Media Press

Published

on

На вчерашната прва седница, Владата  ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември 2020 година, а до тогаш градинките се должни да се подготват за работа.


Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање.

Македонија

88 нови случаи на Ковид -19, вкупно во земјата бројот на активни изнесува 2078

Виолета | Media Press

Published

on

Во изминатово деноноќие во Македонија починаа пет пациенти, а има и 88 новозаразени граѓани од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г), се наведува во инфорамцијата.

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 45, Куманово 4, Штип 1 , Прилеп 7, Тетово 6 , Струга 3, Битола 2 , Охрид 3 , Гостивар 1, Струмица 7,Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје 42,Куманово 17,Штип 7,Прилеп 16,Тетово 10,Велес 1,Битола 2,Охрид 4,Гостивар 10,Гевгелија 4 ,Крива Паланка 5,Радовиш 2,Кочани 4,Пробиштип 2,Пехчево 2,Кратово 1 , Свети Николе 2,Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, се наведува во информацијата.

Continue Reading

Македонија

(Во живо) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Виолета | Media Press

Published

on

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Continue Reading

Македонија

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние, кој е во заминување,

Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Маричиќ потенцираше дека Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ, но и дека е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

Continue Reading