Connect with us

Радовиш

На клучката кај Радовиш повреден моторџија и неговиот сопатник

Виолета | Media Press

Published

on

Како што информира МВР вчера околу 16.00 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха YZF R-6“ со швајцарски национални ознаки, управуван од Н.Б.(26) од Радовиш и товарно моторно возило „мерцедес 970“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(31) од Штип. По незгодата Н.Б. и неговиот сопатник С.М.(23) од с.Ињево, радовишко, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде што на Н.Б. му била констатирана тешка телесна повреда, а  на С.М. телесна повреда. Увид местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип. 

Радовиш

Сертификати за лични и образовни асистенти во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов денеска им ги додели сертификатите за лични и образовни асистенти на лицата кои успешно ја завршија обуката, според програмата на УНДП за општокорисна работа.

Во оваа програма, финансиски подржана од Општина Радовиш, беа вклучени 22 лица од кои 11 лични и образовни асистенти, 2 лица како негувател- воспитач на деца од предшколска возраст и 9 лица како соработници за посета на стари и немоќни.

„Им честитам и им посакувам успех во работата!“ вели Конзулов по доделувањето на сертификатите.

Continue Reading

Радовиш

Девојче од с. Габревци, Радовишко го загуби животот по пад од трактор

Александар | Media Press

Published

on

Шеснаесетгодишна девојка од с. Габревци, Радовишко била прегазена од полуприколката на трактор што го управувал нејзиниот дедо.

На местот на настанот бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На 06.09.2020 во 10.10 часот било пријавено дека на влез од с.Габревци, радовишко, 16-годишна малолетничка од с.Габревци, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60) од истото село, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш. – соопштуваат од МВР                               

Continue Reading

Здравје

По четири дена повторно еден позитивен случај на Ковид-19 во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 9
-Дебар 1
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Гостивар 1
-Гевгелија 12 (странски државјани)
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Делчево 1
-Кратово 1

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:

-Скопје 171
-Куманово 15
-Штип 10
-Прилеп 15
-Тетово 2
-Велес 6
-Битола 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Гевгелија 2
-Пробиштип 3
-Пехчево 3
-Берово 5
-Виница 1
-Свети Николе 8
-Кичево 1
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

Continue Reading