Connect with us

Радовиш

Комбињата со кои се врши општински линиски превоз конечно ќе имаат свој паркинг простор

Виолета | Media Press

Published

on

+

Општина Радовиш започна со изградба на нов паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз. Со тоа се очекува конечно да биде решен проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Тие сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркинг просторот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

„Ние често бевме критикувани  што го користиме паркингот. Неколку пати бевме и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на нашите патници и повторно се враќавме на овој паркинг, бидејќи овде беше најдобро за патниците“, велат дел од превозниците кои денеска ги затекнавме на своето работно место чекајќи ги своите патници.

Тие не сакаа да зборуват пред камера, но сепак  го поздравија овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно некој се сетил за нив.

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Виолета | Media Press

Published

on

По завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на  физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година.  Седницата ја водеше новиот претседател  Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.

Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш,  Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.

Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.

Continue Reading

Радовиш

Избран нов претседател на Советот на Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Избран новиот претседател на Советот на Општина Радовиш на одржаната итна 45 седница. Викица Манолева од Советничката група на СДСМ и коалицијата е избрана за претседател на Советот, на местото на Коле Чаракчиев кој беше избран за  пратеник во Собранието на одржаните избори.

Седницата ја свика и ја водеше најстариот член во Советот Роска Ѓоргиева, а на барање на  опозицијата, за што подетално образложение даде координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Митевски.

По краткото образложени од страна на советникот Бојан Митевски беше констатиран престанокот на мандатот на претходниот претседаел Коле Чаракчиев, по што беше формирана верефикациона комисија за верификација на мандатот на новиот советник кој дојде на местото на Чаракчиев. Откако комисијата ги прегледа потребните документи беше извршена верефикација на новиот советник.

Во продолжение на седницата  беше формирана кандидациона комисија од 5 члена на предлог од седум советници, до која пристигнаа два предлози за претседател на Советот: Јован Лукаров од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Викица Манолева од СДСМ и коалицијата.

Со десет гласа за, за нов претседател на Советот беше избрана советничката  Викица Манолева од СДСМ и коалицијата која ќе го води Советот во наредната една година. На седницата беше присутен и градоначалникот Герасим Конзулов.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading