Connect with us

Струмица

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Советот на општина Струмица ја одржа 38 седница на којашто беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2020 година. За извршувањето на буџетот во овој период информираше градоначалникот Коста Јаневски.

„Во првите шест месеци од 2020 година, вкупните приходи на буџетот на општина Струмица од планираните 1.237.353.933 денари се реализирани 434.383.940 денари или 35 проценти. Вкупните приходи ги сочинуваат основниот буџет кој е реализиран со 26 проценти во однос на планираното, наменските дотации 50 посто од планираното, самофинансирачките активности 19 посто од планираното, донациите со 27 проценти и во делот на кредити планираните 91.600.315 денари се уште не се реализирани.
Кај основниот буџет, реализираните расходи со износ од 130.188.217 денари се поголеми од реализираните приходи за 17.485.242 денари за кој износ се искажува дефицит кој се покрива од пренесенотот салдо на минатата година на буџетската жиро сметка, дефицит се појавува и кај самофинансирачките активности од 1.736.078 денари којшто исто така се покрива од пренесеното салдо од минатата година. Во однос на минатата година процентот на реализација на вкупните приходи е помал за 4 процентни поени, а кај основниот буџет процентот на реализација е помал за шест процентни поени од минатата година споредено со вториот квартал“, рече градоначалникот Јаневски.

На седницата беа усвоени и годишните планови за вработување во општина Струмица и јавните претпријатија „Струмица гас“ и „Паркиралишта – Струмица“ за 2021 година.

Зелено светло од советниците добија и годишните сметки со финансиски извештај, извештаите за работа во учебната 2019/2020 и годишните програми за работа и програмите за изведување на екскурзии и слободни активности на општинските основни и средни училишта за учебната 2020/2021 година.

Усвоени се и извештаите за работа со завршни сметки на домот за деца и млади „Благој Мучето“ и на библиотеката „Благој Јанков Мучето“ за 2019 година, како и извештајот за работата во учебната 2019/2020 и програмата за работа во 20/21 година на музичкото училиште „Боро Џони“.

Струмица

Актуелната состојба со заболени од корна вирус во Струмица, повод за одржување состанок на Локалниот совет за превенција

Виолета | Media Press

Published

on

Почитување на законите и протоколите на Владата во пандемија на КОВИД-19, беше темата на одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа и сопственици на угостителски објекти и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби и институции во Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека овој состанок бил свикан поради зголемениот број на заболени со Ковид -19 во Општина Струмица, со цел да се разговара со претставниците на надлежните институции и угостителите  и да се донесат дополнителни  заклучоци и предлози за да се превенира во актуелната сосотојба со корона вирусот. Главен заклучок како што рече Јаневски бил да се преземат по ригорозни мерки и контроли за почитување на мерките за заштита и дополнителни критериуми кој ќе мора да ги почитваат локалите.

Во Струмица, со месеци имаше многу мал број на ново регистрирани случаи на Ковид 19. Во последните петнаесетина дена состојбата се смени ,а бројот на нови случаи значително се зголеми. За неколку дена беа регистрирани и неколку смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани 191 случај од кои 122 се активни.

Continue Reading

Струмица

Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Јавното претпријатие за државни патишта ја подобрува патната инфраструктура во регионот. Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри.

На ден 25.09.2020 година (петок) со почеток во 11 часот во просториите на домот на АРМ ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Continue Reading

Струмица

Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица -Радовиш, поточно на раскрсница за село Василео била случена сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

Continue Reading