Македонија
Според Заев, Фондот може да ја издржи предложената мерка за пет години порано заминување во пензија
Published
4 години agoна
By
Media PressРеализација на антикризни мерки, владеење на правото и борба против коронавирусот се првите приоритети на новата Влада, истакна престедателот на СДСМ Зоран Заев, мандатар за составување на новата Влада, при денешната посетата на Македонска Каменица. Тој рече дека Фондот за пензиско осигурување може да ја издржи предложената мерка во новата владина програма во која стои ќе може еден осигуреник максимум пет години предвремено да замине во пензија доколку се согласи пензијата да му биде помала.
„Фондот за пензиско осигурување е во добра кондиција, приходите се до 8 проценти зголемени во корона-кризата. Пред кризата приходите растеа 12 до 13 проценти. Фоднот сега е стабилизиран“, рече претседателот на СДСМ.
Заев спомна и за почетокот на новата учебна година, дека најверојатно ќе почне од 1 октомври, со физичко присуство на ученици од 1 до 3 одделениа а останатите онлајн. Во општините каде ќе одлучат градоначалниците, советниците и наставниот кадар, дека има услови за физичко присуство на сите ученици, поради мал број на деца или поради поволната епидемиолошка сосртојба, наставата ќе се одвива во училиште.
Поврзани содржини
Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата
Левица: Министерката, која што доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите
Со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%
Ковачевски ја презеде функцијата претседател на СДСМ
Заев: Напредуваме! Создаваме нови работни места
Пензијата ќе се зголеми за 125 денари на ниво на најниска пензија
Македонија
Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)
Published
40 минути agoна
март 29, 2024By
Media PressЦеновник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.
Македонија
Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressВо интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.
„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.
Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.
„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.
Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.
До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.
Македонија
МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media Press„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.
Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.
„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.