Connect with us

Политика

СДСМ: Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да води напред

Александар | Media Press

Published

on

Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада која ќе гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети како членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со светската пандемија на коронавирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции.

Мандаторот Зоран Заев достави предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат, составен од 19 министри и министерки, кои сите заедно се обврзуваат дека ќе водат напред, ќе работат уште повеќе и подобро и заедно со граѓаните ќе ги удвојат напорите за секое населено место во земјата да стане подобра средина за живеење.

Програмата за работа на Владата во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на правосудството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери.

Сите коалициони партнери се согласни посветено да продолжат на реализацијата на Договорите со Република Грција и Република Бугарија кои донесоа влез во НАТО и одлука за почеток на преговорите со ЕУ, како и на Охридскиот рамковен договор кој е темелот на заедничкото живеење во мир.

Имајќи го предвид периодот во кој се наоѓаме и состојбата со Ковид-19, новата Влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство за да имаме уште повеќе подготвени капацитети и мотивиран кадар кои ќе се борат против коронавирусот.

Како еден од столбовите е и борбата против загадувањето и решавањето на овој децениски проблем преку суштински политики и инклузивен процес на мобилизација на сите расположливи капацитети.
Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата Влада, кои ќе ги спроведуваат одговорни, професионални и отчетни кадри, со конкретна мисија и цели, кои ќе имаат задача да работат исклучително и исклучиво за граѓаните и исклучиво на европската трансформација на земјата.

Македонија

Проштална средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Жбогар

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

„На средбата се разговараше за актуелните состојби во земјата по формирањето на новата Влада, како и за приоритетите и реализацијата на реформите во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во рамки на тековното германско претседателство со Европската Унија ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и официјалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Заблагодарувајќи се за севкупниот ангажман во изминатите четири години и за неговите силни заложби за напредок на државата на европскиот пат, претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на мандатот на амбасадорот Жбогар беше донесена одлуката од страна на земјите-членки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посакувајќи му успех во натамошниот професионален ангажман, претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорот Жбогар, како докажан пријател на нашата држава  и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија“, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Continue Reading

Македонија

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Виолета | Media Press

Published

on

Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на министерот за правда, Бојан Маричиќ за промена на изборниот модел за локалните избори и воведување отворени листи, но оценуваме дека овој чекор не е доволен за демократизација на политичкиот систем и рамноправни услови за изборен натпревар на сите политички субјекти.

Демократскиот сојуз смета дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори.

„ Поради тоа, предлагаме да се формира работна група составена од пратеници и експерти која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени кои ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии“ соопштуваат од партијата.

Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг.

„ Со овие промени, составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ на владеење кој овозможува менување на власта само на две доминантни политички партии“ додаде партијата.

Демократскиот сојуз ги повикува сите поголеми и помали политички партии застапени во Собранието да застанат зад идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи.

Граѓаните заслужуваат нивната политичка волја да биде почитувана и нивниот глас да биде вистински вреднуван и отсликан во највисокиот законодавен дом, појаснуваат од партијата.

Continue Reading

Македонија

И денеска протести против поскапата струја

Виолета | Media Press

Published

on

Синдикалците од 18 часот најавија протестен мото-синдикален граѓански марш, кој ќе започне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржат денеска пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот. Како што најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, еден час со автомобили ќе ги блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ ги почна протестите во средата.

Continue Reading