Connect with us

Радовиш

ООУ Орце Николов од Ињево со современи европски услови, подготвено да ја започне новата учебна година

Виолета | Media Press

Published

on

Проектот за енергетска ефикасност на ООУ Орце Николов од Ињево е речиси завршен. Училиштето доби сосема нов изглед и современи услови за работа по европски стандарди. Директорот на училиштето Киро Јованов, е неизмерно благодарен на Општина Радовиш и градоначалникот Герасим Конзулов што конечно се реализира овој проект со кој целосно се променија условите за работа. Тој вели дека на прокетот се чекало 4 години за да се реализираи дека сега се подготвени за почеток на новата учебна година.

Проектот е реалзиран од ЕУ преку  ИПА  фондовите со вкупен буџет од 288 илјади евра за Општина Радовиш, како партнер во проекот за прекугранична соработка со Република Грција. Во наредниот период училиштето ќе направи напори и хортикултурно да го уреди училишниот двор.

Според директорот Јованов, училиштето Орце Николов во Ињево  и во оваа ситација со корона вирусот, ги има сите потребни услови за целосно спроведување на наставата во училиште, а не само за учениците од прво до трето одделение.

Вкупно во ова училиште заедно  со подрачните се школуваат околу 380 ученици.

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Виолета | Media Press

Published

on

По завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на  физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година.  Седницата ја водеше новиот претседател  Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.

Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш,  Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.

Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.

Continue Reading

Радовиш

Избран нов претседател на Советот на Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Избран новиот претседател на Советот на Општина Радовиш на одржаната итна 45 седница. Викица Манолева од Советничката група на СДСМ и коалицијата е избрана за претседател на Советот, на местото на Коле Чаракчиев кој беше избран за  пратеник во Собранието на одржаните избори.

Седницата ја свика и ја водеше најстариот член во Советот Роска Ѓоргиева, а на барање на  опозицијата, за што подетално образложение даде координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Митевски.

По краткото образложени од страна на советникот Бојан Митевски беше констатиран престанокот на мандатот на претходниот претседаел Коле Чаракчиев, по што беше формирана верефикациона комисија за верификација на мандатот на новиот советник кој дојде на местото на Чаракчиев. Откако комисијата ги прегледа потребните документи беше извршена верефикација на новиот советник.

Во продолжение на седницата  беше формирана кандидациона комисија од 5 члена на предлог од седум советници, до која пристигнаа два предлози за претседател на Советот: Јован Лукаров од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Викица Манолева од СДСМ и коалицијата.

Со десет гласа за, за нов претседател на Советот беше избрана советничката  Викица Манолева од СДСМ и коалицијата која ќе го води Советот во наредната една година. На седницата беше присутен и градоначалникот Герасим Конзулов.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading