Connect with us

Радовиш

Јана Јованова е помеѓу победниците на натпревар во Русија и доби официјална покана за настап во престижната „КАРНЕГИ ХОЛ“ во Њујорк

Виолета | Media Press

Published

on

Нашата млада пијанистка Јана Јованова од Радовиш, повторно се вброи помеѓу победниците на голем интернационален музички натпревар, овој пат во Русија. Станува збор за Интернационален натпревар за класична музика (Международный конкурс классической музыки) – „VIVA-MUSIC ALL WORLD”.

Овој натпревар е во организација на Министерството за Култура на Руската Федерација (Министерство Культуры Российской Федерации); Меѓународната фондација „VIVA-MUSIC“ (Международный общественный фонд «Viva-Music»); Организацијата РУСИЈА – САД (Rossotrudnichestvo, Russia-USA); Музичкото Училиште од Менхетн – Њујорк (Manhattan School of Music – New York); Карнеги Хол – Њујорк (Carnegie Hall, New York) и Стенвеј Хол – Њујорк (Steinway Hall, New York).

Станува збор за натпревар, на кој во повеќе години наназад, имаат учествувано музичари на класична музика со различни инструменти од сите возрасти како и од сите краеви на светот. Оваа година поради светската пандемија со КОВИД-19,  натпреварот се организираше исклучиво Онлајн.

На официјалната веб страна на натпреварот беа поставувани видеата од натпреварувачите а исто така беа јавно објавувани на нивниот Фејсбук профил. Членовите на жири-комисијата јавно ги пишуваа своите оценки, коментари, препораки за секој музичар со што на транспарентен начин сите можеа да имаат увид во конечната одлука за наградите.

„Девојката многу ми се допадна. Компетентно и со вкус, вистински детален музичар. Девојка со добро упатени прсти… Природно музички…“ „Младата изведувачка е само на почетокот на нејзината креативна кариера, но ова претставување укажува на тоа дека девојчето има голем креативен потенцијал.“ „Јана музицира прекрасно, совршено го создава расположението, ја менува хармонијата многу експресивно…“ „Јана се откриваше музички, очигледно на девојчето му се допаѓа оваа музика. Добро сторено!“   „Честитки! Јана е многу музикална девојка, ми се допадна настапот…“ Ова се само дел од коментарите на жири-комисијата составена од врвни музичари, педагози и заслужни уметници на Русија и САД.

Како конечна оценка на натпреварот Јана се здоби со награда ЛАУРЕАТ со што доби сертификат и официјална покана за настап на концертот “Global Artists Debut Concert” кој што треба да се одржи во месец јуни следната 2021 година, во престижната „Карнеги Хол“ во Њујорк (Carnegie Hall, New York).

 „Од секогаш сум посакувала да имам свој настап на некоја голема сцена во Русија, за жал овој пат мојот настап беше виртуелен преку онлајн претставување. Искрено се надевам дека наскоро веќе конечно ќе престанат ограничувањата за патувања и дека ќе имам можност да ја искористам приликата која што ми е дадена за да имам свој настап во Њујорк“ – вели Јана.

Јана Јованова со своите 10 години и само 4 години активно изучување пијано, до сега има добиено околу 30-тина награди и признанија на државни и меѓународни натпревари меѓу кои (освен во Балканските држави) во Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена, Лос Анџелес… Таа е добитник и на Шестоноемвриско Признание и Плакета за особени достигнувања на општина Радовиш. Нејзините активности во претходните години беа поддржани од Општина Радовиш и од Рудникот Бучим.

 „Навистина е невообичаено во оваа ситуација на ограничувања и забрани за патувања и настапи да се одржи мотивацијата за работа кај една млада личност. Од друга страна треба да се има во предвид дека е многу потешко да се претстави еден млад музичар преку видео кое може повеќе пати да биде прегледувано и на кое може да се забележат и најситните детали и евентуални грешки. Јас како родител би можел да кажам дека сум презадоволен од начинот на кој што функционира Јана во целиот овој период. Во оваа прилика би сакал за прв пат и јавно да ја искажам нашата голема благодарност до Општина Радовиш заедно со Градоначалникот и Советниците од сите политички партии кои секогаш едногласно ја поддржуваат Јана во своите активности. Исто така огромна благодарност за нашиот досега единствен спонзор – Рудникот Бучим, раководен од генералниот директор Басилиј Барутски како и извршниот директор Николајчо Николов. И, се разбира на крај но не помалку важна е и неодамнешната поддршка од г-динот Ацо Ристов директор на Алфа-Инженеринг. Без сите нив Јана не би ги постигнала сите овие успеси“ – истакна таткото на Јана, професорот Петре Јованов за Mediapress.

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Виолета | Media Press

Published

on

По завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на  физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година.  Седницата ја водеше новиот претседател  Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.

Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш,  Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.

Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.

Continue Reading

Радовиш

Избран нов претседател на Советот на Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Избран новиот претседател на Советот на Општина Радовиш на одржаната итна 45 седница. Викица Манолева од Советничката група на СДСМ и коалицијата е избрана за претседател на Советот, на местото на Коле Чаракчиев кој беше избран за  пратеник во Собранието на одржаните избори.

Седницата ја свика и ја водеше најстариот член во Советот Роска Ѓоргиева, а на барање на  опозицијата, за што подетално образложение даде координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Митевски.

По краткото образложени од страна на советникот Бојан Митевски беше констатиран престанокот на мандатот на претходниот претседаел Коле Чаракчиев, по што беше формирана верефикациона комисија за верификација на мандатот на новиот советник кој дојде на местото на Чаракчиев. Откако комисијата ги прегледа потребните документи беше извршена верефикација на новиот советник.

Во продолжение на седницата  беше формирана кандидациона комисија од 5 члена на предлог од седум советници, до која пристигнаа два предлози за претседател на Советот: Јован Лукаров од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Викица Манолева од СДСМ и коалицијата.

Со десет гласа за, за нов претседател на Советот беше избрана советничката  Викица Манолева од СДСМ и коалицијата која ќе го води Советот во наредната една година. На седницата беше присутен и градоначалникот Герасим Конзулов.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading