Струмица
Приведен бугарски државјанин поради криумчарење 2.000 кутии цигари
Published
4 години agoна
By
Media PressВчера околу 20:00 часот во ПС Струмица е приведен Г.С.К. (45), бугарски државјанин поради поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.
Полициски службеници ос СВР Струмица при преглед на товарното возило „Волво“ што го возел приведениот, на магистралниот пат во близина на с. Сушица се пронајдени и одземени 2000 кутии цигари.
За случката бил известен и јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани содржини
На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун
При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари
Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти
Поднесена кривична пријава против струмичанец за криумчарење мигранти
Француските научници ќе испитуваат дали никотинот може да помогне во броба со Ковид-19
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
7 дена agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.
Струмица
Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници
Published
1 недела agoна
март 21, 2024By
Media PressНа 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.