Connect with us

Дојран

Деновиве започна реализацијата на проектот „Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија”

Media Press

Објавено на

Извршен увид во градежните активности на проектот ,Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија”, од страна на проектната единица на LRCP и надзорот на проектот Еуро Консалтинг, кој започна да се реализира деновиве.

Проектот е финансиран од ЕУ и Влада на РСМ, се спроведува преку програмата за инфраструктурни грантови – ПЛРК ( проект за локална и регионална конкурентност) во вкупен износ од 45.211.704 денари.

Истиот предвидува Партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона- Градски парк Дојран, санација на оштетени делови на Отворена летна сцена, асфалтирање на улица до истата и партерно и хортикулурно уредување . Вкупната површина која треба партерно-хортикултурно да се уреди изнесува 36.000 м2, со дополнителни содржини кои опфаќаат изградба на летниковци, детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри.

„Општина Дојран беше прво рангирана Општина, со освоени најголем број поени и најголем износ на парични средства од програмата на LRCP“, вели градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов.

Дојран

Со „Дојран Гурман Фест“ започнува туристичката сезона

Media Press

Published

на

Со „Дојран Гурман Фест“ традиционално го означуваме почетокот на туристичката сезона – период кога Дојран повторно станува место на средби, доживувања, култура и незаборавни летни спомени.

Фестивалот низ годините прерасна во препознатлив симбол на нашиот град, промовирајќи ги автентичните дојрански вкусови, богатата традиција и гостопримството по кое сме надалеку познати.

Годинава, токму во срцето на Нов Дојран, повторно се собраа љубители на традиционалната храна, културата и добрата музика, потврдувајќи дека Дојран е една од најатрактивните туристички дестинации во регионот.Но ова е само почеток.

Пред нас е лето исполнето со бројни културни, музички, спортски и забавни манифестации. Во рамките на „Дојранското културно лето“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни настани, концерти, фестивали и уметнички содржини кои ќе го збогатат туристичкото доживување и ќе придонесат Дојран да живее во ритамот на летото.

Нашата визија е јасна – Дојран да биде препознатлив не само по природните убавини и езерото, туку и како центар на културни случувања, традиција и современи туристички содржини.

Благодарност до сите учесници, изложувачи, здруженија, уметници и посетители кои и оваа година беа дел од нашиот прекрасен, традиционален настан – „Дојран Гурман Фест“!

Прочитај повеќе

Дојран

Илија Тентов ја презеде функцијата градоначалник на општина Дојран од досегашниот, Анго Ангов

Media Press

Published

на

Со голема чест и уште поголема одговорност денес извршивме примопредавање на четиригодишниот мандат за градоначалник на општина Дојран. Овој чин не е само формална постапка, туку симбол на доверба и надеж што ми ја укажаа граѓаните на нашата општина, вели градоначалникот Илија Тентов кој и официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник на Општина Дојран, Анго Ангов.

Тој ветувам дека функцијата ќе ја извршува чесно, одговорно и морално, со комплетна посветеност на интересите на сите жители на Дојран.

„Ќе бидам градоначалник кој слуша, работи и кој стои зад секој свој збор. Дојран не е само место — Дојран е завет. Тој е аманет од нашите предци, луѓе кои со љубов, труд и пожртвуваност го создале ова прекрасно парче земја. Но, Дојран е и ветување за нашите деца, за иднината што треба да ја градиме заедно — поубава, поправедна и посреќна. Заедно ќе докажеме дека кога има искреност, одговорност и визија — напредокот е возможен, а сонот за подобар Дојран е остварлив“ вели Тентов.

Досегашниот градоначалник Ангов им се заблагодари на граѓаните за довербата и подршката во изминатите 8 години .

„Драги сограѓани, другари и пријатели, денес го завршувам мандатот како градоначалник со чувство на гордост, благодарност и исполнетост. Ми беше огромна чест и задоволство и

од сѐ срце Ви благодарам за довербата, поддршката и можноста што ми ја дадовте во изминатите осум години да бидам Ваш градоначалник. Изразувам благодарност до сите мои соработници.

Создававме, градевме, решававме проблеми и ја менувавме нашата општина чекор по чекор. Делата се тие кои зборуваат за нашата љубов кон Дојран!!!

Решававме круцијални проблеми, градевме за нашите деца, направивме општина без долгови, станавме лидер за ЕУ фондови, станавме општина прворангирана по сите финансиски параметри.

Тој му честита на новоизбраниот градоначалник Илија Тентов и му посака успех во работата.

-„Се надевам дека ќе продолжи со проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, без делби и поделби, сплотено кон уште успеси“, напиша Ангов на својот ФБ профил.

Прочитај повеќе

Дојран

Доделени уверенијата на градоначалникот Тентов и на новите советници во Совет на Општина Дојран

Media Press

Published

на

На новиот градоначалник на Дојран Илија Тентов, му беше додлено  уверението за следниот четиригодишен мандат како градоначалник на Општина Дојран, како и на членовите на новиот состав на Советот.

„Денес го примив уверението за градоначалник на општина Дојран, кое ми го додели Општинската изборна комисија (ОИК Дојран).

Со голема чест, чувство на одговорност и длабока благодарност го започнувам овој мандат што ми го доверивте вие – жителите на општина Дојран, вели Тентов кој додава дека тоа не е само уверение на хартија туку  симбол на доверба, надеж и заедничка визија за иднината на општината.

„Мојата канцеларија ќе биде отворена за секој граѓанин.

Верувам дека вистинскиот напредок се гради преку дијалог, искреност и заедничко учество. Вие не сте само жители на општината – вие сте мојот тим, моите соработници, мојата инспирација.

Заедно ќе ја водиме општина Дојран по патот на развојот, транспарентноста и достоинството.

Пред нас има многу работа, но и многу можности. Ќе работиме посветено, чекор по чекор, за Дојран да биде место со кое сите ќе се гордееме – место на просперитет, култура, туризам и пред се човечност.

Благодарам за довербата. Да продолжиме заедно – со срце, визија и љубов кон Дојран, стои во објавата на градоначалникот Тентов.

Прочитај повеќе