Connect with us

Радовиш

Уште три дена остануваат за аплицирање по јавниот повик кој го објави Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш објави Јавен Повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Од општината ги повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  “Еднаков пристап за социјални услуги и грижа за сите ” заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават  Центарот за вработување- Радовиш,  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

·        6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);

·        7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

·        9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес).

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), – млади лица до 29 години – лица постари од 50 години, – лица корисници на гарантирана минимална помош, – лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, – лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, – жртви на семејно насилство, -лица со попреченост,  -жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките   заедници,  -лица припадници на ромската етничка заедница,  -лица на кои им е решен статусот со лична документација, -самохрани родители, -родители на деца со пречки во развојот, -родители на 3 и повеќе деца, – родители на деца на улица, -осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа,  -бездомни лица,  -поранешни корисници на дрога, -лица со незавршено средно или пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– 7 соработници за посета на стари лица (во период од 6- 7 месеци)

– 2 лични асистенти (во период од 9 месеци)

– 4 образовни асистенти (во период од 9 месеци )

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш- во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Центар за вработување Радовиш  кај лицето Офелија Илиева,  Центар за социјална работа Радовиш кај лицето Драги Димитриев.

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Радовиш

Во Радовиш, промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата

Виолета | Media Press

Published

on

Во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беше извршена промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“  или како што е наречен  „Развој“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември. Проектот е подржан од ЕЛС општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“ и истиот започна со реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност.

„Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, докумантарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја“, рече раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски.

„Се надевам дека со реалзиацијата на овој проект, сите заедно ќе дадеме значаен придонес како за нашата општина така и за државата“, рече директорката на Центарот за Култура Ацо Караманов, Изабела Ангелова.

Здружението на граѓани Театар „Боеми“ ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот.

На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое значи дрво на животот и кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината.

Continue Reading

Радовиш

Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува со реализација на инфраструктурни проекти како градот така и во наслените места. Деновиве беа асфалтирани и целосно завршени двете нови улици во Ињево, а за овие три години во с.Ињево се направија три нови улици. Селото доби нов изглед со вложување во уличната инфраструктра, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Со изградбата на овие улици значително се подобрија условите на жителите од ова населено место и целосно им е олеснета пристапноста до своите домови. Како што информираат од општината во овој период во тек е изградбата на улици и во други населени места како и во градот Радовиш.

Continue Reading