Connect with us

Радовиш

Радовиш достоинственo и скромно го одбележа празникот на градот и заштитник Свети Спасо Радовишки

Media Press

Објавено на

 На достоинствен начин во духот на вистински православни христијани вчера и денеска Радовиш го одбележа празникот посветен на Свети Спасо Радовишки заштитник на  градот. Годинава поради добро познатата ситуација со корона вирусот,  чествувањето се состоеше само од Духовен дел.

Празнувањето на Св. Спасо Радовишки  започна вчера со вечерна богослужба  во црковниот храм Света Троица, со која чиноначалствуваа Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, и свештеници од Брегалничката епархија.

По вечерната богослужба се одржа молебен на  параклисот посветен на „Св. маченик Спасо Радовишки“, на истоимениот градски плоштад во Радовиш, во присуствуво на голем број верници, граѓани на Радовиш.

Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи  и денеска   во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија на со која чиноначалствуваше  Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, и свештеници од Брегалничката епархија.

На денешната литургија беа присутни и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов,  извршниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов и други верници.

Годинава беше изоставена  културно забавната програма, како и духониот концерт, почитувајќи ги мерките на институциите за да не се органзираат масовни собири.

И Овогодишното чествување на празникот „Св. Спасо Радовишки е во организација на Македонската православна цркава, храм Света Троица и  Општина Радовиш.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе