Connect with us

Регион

33-годишна радовишанка, физички нападната во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера 33 годишната радовишанка, случајот во кој наведува дека била физички нападната во центарот на Струмица, го пријавила во Полициската станица Струмица.

„На 20.08.2020 во Полициска станица Струмица К.Б.(33) од Радовиш  пријавила дека околу 13.00 часот во близина на трговски објект во Струмица била физички нападната од Е.И.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, стои во известувањето од СВР Струмица во кое повеќе информации околу случајот не се наведени.

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Регион

Третото прскање против комарци кое беше одложено, конечно ќе се реализира

Виолета | Media Press

Published

on

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред:

1. На 31.08.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево;

2. На 01.09.2020 година (вторник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Радовиш.

„Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период“ стои во известувањето од општините на чија територија ќе се спроведе прскањето.

Инаку граѓаните постојано се жалат дека има најезда на комарци ова лето и дека неможат да излезат во двор или на тераса, посебно во попладневните часови.

„Не помагаат никакви средства, спрејови, прашоци или било што друго против комарците кои ги има премногу“, коментираат граѓаните при меѓусебна средба.

Continue Reading

Радовиш

Се одложи планираното прскање против комарци во Општините Радовиш, Струмица и Василево

Виолета | Media Press

Published

on

„Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Радовиш и Василево дека СЕ ОДЛОЖУВА третото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 19 Август 2020 година (Среда).

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното трето прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Струмица, Радовиш и Василево ќе бидат дополнително известени“ стои во известувањето.

Третото прскање против комарци требаше да се спроведе синоќа во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.

Continue Reading