Connect with us

Македонија

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат за спроведување на наставата во основното и средното образование

Виолета | Media Press

Published

on

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче, заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.

На средбата претставниците на Сојузот на средношколците беа детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение во основното образование и со одредени други исклучоци каде што тоа е безбедно од здравствен аспект, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците.

„Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и за здравство Адеми и Филипче ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците. Исто така министерот за здравство Филипче ги покани средношколците да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со КОВИД-19, но и за мерките за заштита од заразата кои се во интерес на заштитата на јавното здравје“, информира владината Прес – служба.

Македонија

Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!

Виолета | Media Press

Published

on

„Владата на Република Северна Македонија се уште нема донесено одлука за повторно отпочнување со работа на дневните центри за деца/лица со интелектуална попреченост. Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведе сите пропишани мерки за безбедно започнување со работа на своите сервисни служби, согласно усвоениот протокол. Сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА се подготвени да почнат со реализација на програмски активности со физичко присуство на корисници веднаш штом Владата ќе донесе таква одлука.

За сите нови информации, родителите на корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА ќе бидат директно контактирани“, стои во известувањето од Порака.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

Виолета | Media Press

Published

on

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

„Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања“ рече Ѓоргиевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови, стои во соопштението.

Continue Reading