Македонија

Демократскиот сојуз бара промена на изборниот модел во една изборна единица

Демократскиот сојуз како дел од победничката коалиција што ја предводи СДСМ, на мандаторот за состав на Владата Зоран Заев му предлага во Програмата за работа на Владата да се вградат и приоритетите од Изборната програма на ДС.

„1. Правна сигурност како основен предуслов за економски развој, странски и домашни инвестиции.

Уставни промени со кои ќе јакне самостојноста на законодавната, извршната и судската власт, ефикасен систем за одговорност на носителите на јавни функции и важење на законите подеднакво за сите граѓани.

Во оваа насока предлагаме коренита реформа на судскиот систем како гарант за владеење на правото, ревизија и реизбор на сите судии и обвинители, кривична одговорност за злоупотреба на судската и јавно обвинителската функција, детектирање на скриениот имот на судиите и сл.

Системски промени за целосна департизација и деполитизација на институциите надлежни и одговорни за откривање и гонење на криминалот, како и за остварување на основните човекови права и слободи. Во овој правец предлагаме целосни безбедносни проверки за секој припадник на МВР, АНБ, АР, военото разузнавање и припадниците на другите институции кои работат на откривање на криминалот.

Реформи за целосно ослободување на бизнисот од влијанието на власта и остварување на функционална пазарна економија.

Да се обезбеди целосна слобода на говорот и изразувањето на сопствен став и мислење. Вистински слободни, професионални и одговорни медиуми, преку системски промени кои ќе ја гарантираат нивната самостојност, објективност и независност.

2. Робусна борба против криминалот, конфискација на имотот стекнат на криминален начин или со користење на влијанието на власта, забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години за секој кој ја злоупотребил довербата на граѓаните.

Основа на ефикасната борба против криминалот да биде проектот „ДЕКРИ“ со кој ќе отвориме војна против сите кои во изминатите 30 години го ограбија народот, вклучително и мафијата која ги труе граѓаните со енергенси и опасен отпад.

Предлагаме во првите три месеци од формирањето на Владата на РСМ, да се донесе нов закон за борба против организираниот криминал и корупцијата.

3. Промена на изборниот модел заради подемократско и полегитимно претставување на граѓаните во парламентот.

Демократскиот сојуз предлага во првите три месеци од формирањето на Владата на РСМ, да се промени Изборниот закон со што Македонија ќе биде една изборна единица и ќе има отворени листи.

Да се намали бројот на министрите во Владата за 30 отсто и да се укинат поголемиот број на паралелните агенции, регулаторни тела, разни дирекции и сл.

Предлагаме укинување на пржинската влада и формирање на експертска влада од државната администрација, експерти од соодветните области, од науката и бизнисот, со мандат од дваесет дена, додека трае изборната кампања.

4. Посебна стратегија за младите со која ќе се овозможи младите да имаат избор дали ќе останат во Македонија или ќе заминат во странство.

Предлагаме 2 отсто од буџетот да бидат наменети за отворање на бизнис од младите. Секој кој ќе заврши високо образование ќе може година дена да работи во приватна или во државна компанија со плата од 500 евра од буџетот на државата. Да има бескаматни кредити за стан или куќа и едукација на младите за отварање нов бизнис.

Македонија да биде земја на информатиката.

Да се создадат поволни услови за отварање на над 30.000 мали компании во кои ќе се вработат над 100 илјади млади стручни кадри.

Покрај тоа, да се обезбеди целосна гасификација, субвенции за еколошки енергенси за греење, како и субвенции за купување на над 60.000 автомобили на електричен погон“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago