Македонија

108 нови случаи на ковид-19, двајца во Струмица

Регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 од 1.902 тестирања во последните 24 часа, соопшти Министерствоот за здравство. Новорегистрирани најмногу има во Скопје 45 и во Куманово 18. Во другите градови регистрирани се нови случаи во:
-Штип 11, -Гостивар 9, Струга, Делчево  и Велес по 4, Свети Николе  и Прилеп по 3, Тетово , Струмица , и Виница по 2 и Дебар 1.

Починати се двајца пациенти од Куманово на 64 и 72 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти
-Скопје 32
-Дебар 1
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 4
-Велес 3
-Битола 5
-Гостивар 11
-Кочани 2
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 8
-Свети Николе 9
-Кичево 12

Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.076, од кои оздравени се 9.625, починати 551, а во моментов активни се 2.900.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago