Традиционално и оваа година, под покровителство на
Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската
православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, општина Радовиш ќе го
одбележи чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Согласно протоколите и препораките од комисијата за заразни
болести при министерството за здравство и центарот за јавно здравје, оваа
година црковниот дел од чествувањето ќе биде организиран со помал број активности и со превземање
на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.
Светителот Спасо кој по потекло е од радовишко, го загубил животот во тешки маки во 1794 година, по што малку подоцна е прогласен за светец поради неговата голема љубов и пожртвуваност кон господ Исус Хростос.
За одбележување на празникот секоја година црковниот храм Света Троица и Општина Радовиш предвидуваат богата духовна и музичка програма. За годинава кога заштитникот на градот Радовиш се празнува по 12 пат е предвидена скромна Програма:
Утре 20 август – Четврток е предвидено во 18:00 час. Вечерна богослужба во Храм „СВ.ТРОИЦА“. Во 19:30 часот ќе се одржи Молебен пред Параклисот „Св.Спасо Радовишки“, на истоумениот плоштад во Радовиш.
На 21 август во Петок во 08:00 час. ќе се одржи Света литургија во Храм „СВ.ТРОИЦА“ и
Славски колач.
Организацискиот одбор ќе ги
превземе сите мерки согласно препораките и протоколите за јавни настани, а исто
така се замолуваат сите граѓани на општина Радовиш
кои ќе се вклучат во чествувањето – да ги почитуваат мерките во однос на носење
на заштитна опрема и одржување на социјална дистанца.
„Со Божјата милост и славата на светителот Св.Спасо Радовишки да ја продолжиме традицијата на чествување, и со неговите молитви да ги негуваме добрите души“, е пораката од Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица.