Претседателот Пендаровски со пригоден говор, го честита 18-ти август – Денот на Армијата
Претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски во своето обраќање по повод Денот на армијата истакна дека оваа година станавме 30-та членка на НАТО, организација на демократски и просперитетни држави, чие членство е резултат на волјата на големо мнозинство наши граѓани, како и на залагањата на повеќе парламентарни состави и влади во изминатите три децении.
„Ми причинува огромна чест и задоволство што денеска, со Орден за воени заслуги ги одликував Баталјонот за воена медицинска поддршка, 3. пешадиски баталјон од 1. пешадиска бригада од командата за операции и Канцеларијата за соработка во одбраната на САД “ истакна Пендаровски.
Претседателот Пендаровски акцентираше дека во
остварувањето на нашата стратешка цел секогаш ја имавме и конзистентната
поддршка од државите членки на НАТО.
„Меѓу нив, посебно место има поддршката од
Соединетите Американски Држави. Од нашата независност до денес, САД
континуирано ни помагаат да изградиме стабилна, сигурна и просперитетна армија
и држава“, акцентираше претседателот Пендаровски.
„Ова е голем ден за нашата Армија и за сите нас. За прв пат како држава членка на НАТО го празнуваме 18-ти август – Денот на Армијата. За прв пат, заедно со нашата Армија, симболично празнуваат и нашите сојузници во НАТО“, уште еднаш го честиташе Денот на Армијата, претседателот Пендаровски.