Од направените 912 тестирања,
вчера беа регистрирани 103 новозаболени од Ковид-19, оздравеле 187, а три лица
починаа. Досега во земјава се направени вкупно 127 196 тестирања. Од почетокот
на епидемијата се евидентирани 12 840 позитивни на Ковид-19, излекувани се 9361
лица, а починаа 547. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2932.
Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 953, во Куманово 298, во Гостивар 289, во Штип 260, во Струга 167, во Тетово 151, во Кичево 126, во Кавадарци 103, во Битола 74, во Дебар 67, во Охрид 66, во Свети Николе 61, во Македонски Брод 45, во Прилеп 40, во Демир Хисар 37, во Виница 36, во Кочани 29, во Велес 27, во Струмица 23, во Пробиштип 17, во Гевгелија 13, во Неготино 12, во Радовиш 10, во Ресен седум, во Берово шест, во Крива Паланка пет, во Делчево има пет акивни случаи, во Пехчево два случаи, во Валандово, Кратово и Крушево има по еден активен случај.
На болничко лекување во моментов се 371 лице, од
кои тројца се на респираторна машина.
По неколкумесечен прекин поради корона кризата, повторно се става во функцијата електронскиот систем МојТермин. Министерството за здравство соопшти дека преку МојТермин веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во септември. Јавните здравствени установи ќе вршат прегледи почитувајќи ги предвидените протоколи за работа.