Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ излезе со три предлози за безбедно спроведување на образовниот процес

Avatar

Published

на

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ предлага 3 модули за спроведување на образовниот процес. Физичка настава може да има во средини каде што нема Ковид19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со превземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик.

Од таму дополнуваат дека Македонија достигна речиси 13 илјади заразени и над 500 починати лица, со што сме црни рекордери во регионот, па и во Европа по овие параметри на еден милион жители.

„Дополнително и економијата тоне. За три месеци беше креиран нов долг од 1 милијарда евра, а притоа ниту успеавме да се справиме со здравствената криза, ниту успеавме да ја закрепнеме економијата. Заев ги потроши на предизборен поткуп и сега стасуваат сметките за ваквата неодговорност. Затоа му наметнуваат повисока сметка за струја на секое семејство за 7,5%, во што сме единствени во Европа. Затоа мистериозно пропаѓаат банки, за што исто така сме единствено во Европа.

„Најстрашно од се е што немаат никаков план. Тоа најдобро се гледа во безидејноста кога се работи за нормализирањето на образовниот процес.

Да имаше нормална , а не криминогена власт како таа на Заев која се интересира само за личното богатство, Македонија ќе имаше конкретни планови , мерки и успеси, не само во образованието, туку и во здравството и економијата.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија

Одржана промотивна, изборна конвенција на кандидатот за претседател Стево Пендаровски

Avatar

Published

на

На изборната конвенција, што се одржа синоќа во Скопје, Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, рече дека повторно ја бара довербата од граѓаните, затоа што зад неговото име нема ни една афера, ни еден случај на корупција, на провизии или наместени тендери. 

„Ако ја добијам вашата доверба и во следните пет години ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе на еднаков начин независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе продолжам да соработувам и да ги почитувам младите луѓе чиј професионален успех не се должи на партиски или фамилијарни врски, ќе продолжам да им помагам на понижените да добијат човечки третман и правда во заедницата каде што живеат и ќе продолжам да го критикувам криминалот и високата корупција на кој било во државата, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржале и гласале за мене“ – истакна Пендаровски.

„Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети – евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Нашиот политички континуитет во оваа смисла е познат, а нивниот е контиунирано одбивање на компромиси кои неспорно го чуваат нашето национално достоинство – нашиот јазик и нашиот идентитет“, порача вечерва актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, кој влегува во трката за втор претседателски мандат.

Тој додаде дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните.

На конвенцијата, покрај претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Димитар Ковачевски и сопругата на Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска се обратија и актерката од турскиот театар Несрин Таир, писателот и активист Рамадан Рамадани и музичарот Ристо Вртев, кои дадоа поддршка за кандидатурата на Пендаровски за втор мандат.

Прочитај повеќе

Македонија

Шест од вкупно седум кандидати за претседател на државата го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Avatar

Published

на

Шест од вкупно седум кандидати за претседател на Република Македонија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за претстојните претседателски избори, во организација на Државната изборна комисија.

Со потпишување на овој кодекс, кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова, Бујар Османи, Билјана Ванковска Цветковска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски се обврзаа и ветија дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот кој што треба да придонесе за фер и демократски избори.

Кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори но изјави дека истиот ќе го почитува.

Потписниците се согласија дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на државата, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Со потпишувањето на овој кодекс кој е сет од етички правила за однесување за време на претседателските избори, кандидатите како учесници во изборите се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите, како и почитувањето на владеење на правото при организирање и спроведување на Изборите за Претседател 2024 година.

Исто така, сите се согласија и се обврзаа дека нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација и омаловажување врз основа на пол преку своето делување и со своите активности ќе учествуваат во зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем.

Чинот на потпишување на Кодексот за фер и демократски избори се одржа во Државната изборна комисија и на истиот присуствуваа претставници на медиумите и дипломатскиот кор во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе