Connect with us

Македонија

Мицкоски испрати честитка со која на сите припадници на вооружените сили, им го честита Денот на Армијата

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка со која на сите припадници на вооружените сили, но и на сите граѓани им го честита денот на Армијата на Република Македонија.

„На денешен ден пред 77 години на Славеј планина, во славна Дебарца формиран е Баталјонот Мирце Ацев, кој е почетокот на македонското организирано војничко делување во Втората Светска Војна, кога македонските партизани, народ и држава, застанаа на страната на Сојузниците против најголемото зло на 20 тиот век фашизмот.

Луѓето кои пред 77 години, во виорот на фашизмот не се исплашија и го кренаа својот глас, се нашите херои и луѓето на кои им ја должиме слободата денес, тие се децата и внуците на Илинденците, и тие пред нив, кои се бореа за Македонија.

Тие стотина луѓе тогаш имаа огромна храброст, а од нивната храброст произлезе државноста. Таа храброст е доказ дека фундаментот е пожртвуваноста и посветеноста кон татковината, а таквата посветеност е потребна и денес кога државата се соочува со големи премрежја и предисвици. Да се потсетиме на нивната пожртвуваност, но и да се погрижиме да не биде залудна. Мора да изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.

Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден АРМ“, стои во честитката на Мицкоски

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading

Македонија

Јануари најризичен период за корона вирус

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вчерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Во однос на полициски час Филипче рече дека нема да има на ниво на држава, туку можеби во некои општини или региони.

Continue Reading

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading