Connect with us

Македонија

Мицкоски по средбата со Претседателот: Пендаровски ја злоупотреби позицијата Претседател на државата

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите  по средбата со претседателот Пендаровски, рече дека заедно со Пертседателот заклучиле дека пратеникот Зоран Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање на парламентарното мнозинство.

Мицкоски се повика и на некои изјави од минатото на Пендаровски, во кои вели дека мандатот ќе го додели кога ќе добие уверување дека има обезбедено парламентарно мнозинство, а не уверување дека ќе работи на обезбедување парламентарно мнозинство. Мицкоски се повика и на втора изјава на Пендаровски, дека ќе ги повика политичките лидери кои на овие избори беа кандидати за мандатар на разговор, кој што не се случил до денеска.

„Пендаровски брутално ја злоупотреби позицијата претседател на државата. ВМРО- ДПМНЕ како опозиција ниту во еден момент не го дискутираше мандатот на Претседателот на државата господинот Пендаровски, туку е единствениот претседател кој не бил оспоруван од опозицијата“ рече Мицкоски.

„На средбата ги кажав сите  забелешки кои што ги имаме за неговото работење посебно во вонредната состојба, кога  брутално истата беше злоупотребувана од страна на Пендаровски и на Заев за институционален поткуп.   Истовремено го потенциравме и фактот како се менуваше изборниот закон на ден пред отпочнување на кампањата за изборите и денеска истото се случуваше Претседателот Пендаровски да го додели мандатот на лице кое што нема парламентарно мнозинство“ додаде Мицкоски.

„ВМРО -ДПМНЕ на денешната координација, донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со господиниот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита практично политиките кои што ќе ги води во однос на кабинетот на господинот Стево Пендаровски. За жал како напати во минатот така и овој пат се приватизирани институциите, заробени, за личен и партиски интерес“, заврши Мицкоски.      

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading

Македонија

Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!

Виолета | Media Press

Published

on

„Владата на Република Северна Македонија се уште нема донесено одлука за повторно отпочнување со работа на дневните центри за деца/лица со интелектуална попреченост. Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведе сите пропишани мерки за безбедно започнување со работа на своите сервисни служби, согласно усвоениот протокол. Сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА се подготвени да почнат со реализација на програмски активности со физичко присуство на корисници веднаш штом Владата ќе донесе таква одлука.

За сите нови информации, родителите на корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА ќе бидат директно контактирани“, стои во известувањето од Порака.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.

Continue Reading