Connect with us

Македонија

Министерот Димковски ги повика винариите да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на состанок во Кавадарци по пово откупната цена на грозјето, оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,  градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

На состанокот се разговараше за екстремно ниската откупна цена на грозјето на една од винариите која деновиве беше објавена на социјалните медиуми.

„Грозјето од годинешната реколта е произведено со висок квалитет и големи приноси благодарение на поволните климатски услови кои оваа година им беа наклонети на лозарите. Следствено на тоа очекувавме висока откупна цена и откуп на целокупната произведена количина. 

Не смее да има никакви злоупотреби и уцени кон земјоделците од страна на било која винарија. Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. Целта на денешниот состанок е,не само на винаријата која објави екстремно ниски откупни цени на грозјето, туку и на сите други винарски визби кои вршат откуп, да им се укаже дека треба да формираат прифатливи откупни цени кои ќе бидат достојни за трудот на земјоделецот“, е ставот на министерот Димковски.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од состанокот бил направен и записник според кој :

-Се предлага до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

-Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата.

-Заради нарушување на домашниот пазар на вино  намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата,  винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата.

-МЗШВ да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading

Македонија

Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!

Виолета | Media Press

Published

on

„Владата на Република Северна Македонија се уште нема донесено одлука за повторно отпочнување со работа на дневните центри за деца/лица со интелектуална попреченост. Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведе сите пропишани мерки за безбедно започнување со работа на своите сервисни служби, согласно усвоениот протокол. Сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА се подготвени да почнат со реализација на програмски активности со физичко присуство на корисници веднаш штом Владата ќе донесе таква одлука.

За сите нови информации, родителите на корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА ќе бидат директно контактирани“, стои во известувањето од Порака.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.

Continue Reading