Connect with us

Свет

СЗО го поздравува истражувањето и развојот на руската вкцина

Виолета | Media Press

Published

on

Секоја безбедна  и ефикасна вакцина ќе му донесе општо добро на човештвото, велат техничките експерти од Светската здравствена организација.

СЗО е запознаена дека вакцината против Ковид 19 е регистрирана во државниот регистар на лекови во Русија, како што е објавено на 11 август. Органзиацијата го позравува ова достигнување во областа на истражувањето и развојот на вакцината против корона вирусот и повикува на брз и рамноправен пристап на сите вакцини како оваа во светот, велат од органзиацијата.

Претходно претставници од СЗО соопшија дека разговарале со Москва, за можноста за детално испитување на вакцината и спроведување на преквалификација на руската вакцина против корона вирусот, што ќе покаже колку она ги исполнува меѓународните стандарди.

Вакцината е именувана Спутник В. Министерот за здравство на Русија соопшти дека вакцината ќе се произведува на две места во центарот Гамалеја и во компанијата Бинофарм. Претседателот Путин соопшти дека вакцината ги поминала сите тестирања и дека обезбедува стабилен имунитет.  

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading