Connect with us

Македонија

Регистрирани се 464 прекршоци во државата за 24 часа, за неносење заштитна маска

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од ширење на коронавирусот, регистрирани се 464 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Според информациите од СВР Струмица, во Југоисточниот регион во просек околу 50 лица дневно добиваат прекршочна пријава пореди не носење заштитна маска.

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading

Македонија

Јануари најризичен период за корона вирус

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вчерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Во однос на полициски час Филипче рече дека нема да има на ниво на држава, туку можеби во некои општини или региони.

Continue Reading

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading