Connect with us

Политика

Николовски на твитер: Заедно со Зоран Заев се откажуваме од патните трошоци

Александар | Media Press

Published

on

Генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на социјалната мрежа твитер објави дека заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патни трошоци.

Изјавите кои ги потпишаа тие е изборно ветување на СДСМ во предизборната кампања.

Воедно тој ги повикува своите колеги од сите партии да го следат овој чекор.

„Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни.“ – Дополни на Николовски на твитер

Македонија

Проштална средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Жбогар

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

„На средбата се разговараше за актуелните состојби во земјата по формирањето на новата Влада, како и за приоритетите и реализацијата на реформите во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во рамки на тековното германско претседателство со Европската Унија ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и официјалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Заблагодарувајќи се за севкупниот ангажман во изминатите четири години и за неговите силни заложби за напредок на државата на европскиот пат, претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на мандатот на амбасадорот Жбогар беше донесена одлуката од страна на земјите-членки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посакувајќи му успех во натамошниот професионален ангажман, претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорот Жбогар, како докажан пријател на нашата држава  и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија“, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Continue Reading

Македонија

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Виолета | Media Press

Published

on

Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на министерот за правда, Бојан Маричиќ за промена на изборниот модел за локалните избори и воведување отворени листи, но оценуваме дека овој чекор не е доволен за демократизација на политичкиот систем и рамноправни услови за изборен натпревар на сите политички субјекти.

Демократскиот сојуз смета дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори.

„ Поради тоа, предлагаме да се формира работна група составена од пратеници и експерти која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени кои ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии“ соопштуваат од партијата.

Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг.

„ Со овие промени, составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ на владеење кој овозможува менување на власта само на две доминантни политички партии“ додаде партијата.

Демократскиот сојуз ги повикува сите поголеми и помали политички партии застапени во Собранието да застанат зад идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи.

Граѓаните заслужуваат нивната политичка волја да биде почитувана и нивниот глас да биде вистински вреднуван и отсликан во највисокиот законодавен дом, појаснуваат од партијата.

Continue Reading

Македонија

И денеска протести против поскапата струја

Виолета | Media Press

Published

on

Синдикалците од 18 часот најавија протестен мото-синдикален граѓански марш, кој ќе започне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржат денеска пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот. Како што најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, еден час со автомобили ќе ги блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ ги почна протестите во средата.

Continue Reading