Connect with us

Регион

Шестмина радовишани заработија кривични пријави за фалсификување исправи

Александар | Media Press

Published

on

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.А.(64), М.Х. (55),Т.Л.(64), М.Ј.(60), сите од Радовиш, Д.С.(59) од с.Раклиш и С.П.(61) од с.Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“,  М.Х и Т.Л., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а М.Ј.  Д.С. и С.П., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавената Б.А., поранешен финансов директор на ЗИК „Радовишко поле“, неовластено ги употребила печатите од комбинатот, изготвувајќи М-4 обрасци и препис од платни списоци на претходно вработени лица во ЗИК „Радовишко поле“ Радовиш, кои подоцна ги доставувала до Фондот за ПИОМ, за остварување на право на материјално  обезбедување врз основа на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна сопственост на државата.

Второпријавениот М.Х., вработен во Фондот за ПИОМ, Деловница Радовиш, со овластување од директорот распореден на работно место раководител на Деловница Радовиш и третопријавениот Т.Л.  вработен во ФПИОМ Деловница Радовиш, на работно место референт по матична евиденција, ја искористиле својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување постапиле спротивно на член 22 од Законот за матичната евиденција за осигурениците и корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување. Имено, тие доставениот стаж од страна на шесто, петто и четвртопријавените Д.С.,  С.П., М.Ј., како и за десет други лица од Радовиш, с.Конче, с.Ораовица, с.Тополница, радовишко, од Гевгелија, Струмица, го потврдиле врз основа на нецелосни изворни документации, како платни списоци, ЕВТ-2 картони, како и оригинален доказ за платен придонес (рекапитулар заведен во ЗПП), кои се изворни документации со кои е потребно да располага обврзникот или осигуреникот, со што постапиле спротивно на Законот за пензија.

Четвртопријавената М.Ј., петтопријавениот Д.С. и шестопријавената С.П., М-4 образците и преписот од платни списоци изготвени од страна на првопријавената Б.А. со невистинити содржини ги доставиле во ПИОМ – Деловница Радовиш, со намера истите да бидат внесени во системот за пензиски стаж, со што истите ќе го исполнат условот за материјално обезбедување во вид на паричен надомест.

Со горенаведените кривични дела, пријавените го оштетиле буџетот на Република Северна Македонија за околу 228.300 денари.

Регион

86 лица од југоистокот заработиле казна поради неносење на заштитна маска

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27/28.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 84 лица не ја почитувале, од кои 36 вo Струмица, 19 во Радовиш, 15 во Гевгелија и 14 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. На ниво на држава кривична пријава заработиле над 600 лица.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Регион

Третото прскање против комарци кое беше одложено, конечно ќе се реализира

Виолета | Media Press

Published

on

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред:

1. На 31.08.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево;

2. На 01.09.2020 година (вторник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Радовиш.

„Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период“ стои во известувањето од општините на чија територија ќе се спроведе прскањето.

Инаку граѓаните постојано се жалат дека има најезда на комарци ова лето и дека неможат да излезат во двор или на тераса, посебно во попладневните часови.

„Не помагаат никакви средства, спрејови, прашоци или било што друго против комарците кои ги има премногу“, коментираат граѓаните при меѓусебна средба.

Continue Reading