Connect with us

Македонија

Денеска се празнува Преподобна Параскева, во народот позната како света Петка

Виолета | Media Press

Published

on

Православните верници денеска ја слават Преподобна Параскева, света Петка. Според житието, нејзините родители биле Римјани и таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога.

 Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите, го раздала целиот свој имот на бедните и сиромашните и се замонашила, проповедајќи го христијанството.

 Со голема ревност го проповедала словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигнала до римскиот суд. Неколку пати била предавана на маки, но Господ ја исцелувал на чудесен начин…

Незаштитена и во многу опасни времиња, кога христијаните биле прогонувани, ѕверски мачени и погубени во Римското Царство, Параскева остатокот на својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на христијанската вера и успеала да преобрати многу луѓе во новата религија. Поради својата моќ на убедување и убавина, таа привлекла многу внимание и во неколку наврати била изнесена на суд пред властите, а еднаш, наклеветена од некои Евреи, таа била изведена пред императорот Антонин Пиј (138 – 161). Тој се воодушевил од нејзината необична мудрост и убавина и ѝ рекол да им принесе жртва на боговите за да добие бројни дарови и богатства, а ако не прифати, ќе биде подложена на мачење. Но, Параскева му одговорила на царот: “Јас никогаш нема да се откажам од Христос, мојот Бог!”.

Тогаш, царот се разгневил и наредил на главата да ѝ стават вжештен железен шлем, но таа останала неповредена. Потоа, царот наредил еден голем казан да се наполни со врело масло и смола и тој ја фрлил Параскева во казанот. И покрај тоа, таа стоела среде казанот, неповрдена. Зачуден од глетката, царот ѝ рекол: “Параскево, попрскај ме со маслото и смолата за да видам дали навистина жежат.” Параскева зела во раката масло и смола и го попрскала в лице, а царот веднаш ослепел. Тогаш, тој започнал гласно да ја моли и да бара помош со зборовите: “Смилувај се на мене, слугинко на вистинскиот Бог, па и јас ќе поверувам во Господ кого ти го проповедаш.” Параскева му се помолила на Бога и царот веднаш прогледал. Од тој момент, царот и неговите телохранители поверувале во Христос и се преобратиле во христијани.

Подоцна, св. Петка пристигнала во друг град во кој владеел страшниот кнез Тарасиј, пред кого, исто така, изјавила дека Христос е вистинскиот Бог. Поради тоа, кнезот ја фрлил во котел полн со врело масло, смола и олово, но Господ испратил ангел од небото, кој го оладил котелот. Така, св. Петка останала неповредена. Тарасиј ја ставил на други тешки маки, но таа не се откажала од верата во Христос, така на Параскева ѝ била отсечена главата со меч околу 140 година. По смртта, нејзината душа како гулабица одлетала на небото.

 Се успокоила во Господа во вториот век. Нејзините чудотворни мошти денеска се наоѓаат во Цариград.

По нејзината смрт биле забележани бројни чуда, кои се случувале како резултат на најзината интервенција и православните верници продолжуваат да сведочат за најзините чуда до денес. За нејзините свети мошти сведочел аџијата Антониј, кој ги видел и им се поклонил во 1200 година во Цариград, каде што и ден-денес постои црква посветена на неа. Во Македонија, честички од моштите на св. Петка се изложени во манастирот Свети Јован Бигорски.[3]

Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот календар, т.е на 8 август по новиот календар.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Во состав на  преубавиот манастирски  комплекс Свети Ѓеоргиј во Ораовица, радовишко се наоѓа и светата изворска вода Света Петка.   Речиси нема верник кој го посетил манастирот  да не се упатил по тесната планинска патека, низ густата шума, кон  изворот Света Петка и да не се помолил за здравје за душевен мир и спасение. Ктиторот на манстирот Свети Ѓеоргиј Николајчо Николов, по чија заслуга целосно е реконструиран манстирскиот комплекс,  се погрижи да се реконструира и  изворот Света Петка, со изградба на нов кров над чешмата, нови икони  и клупи за седење.

На денешен ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

7 пациенти починале од корона вирус и 45 нови случаи биле регистрирани за 24 часа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаи во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Денеска се празнува раѓањето на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска православните верници го слават верскиот празник Мала Богородица или раѓањето на Пресвета Богородица.  кој секоја година се одбележува на 21 септември. По тој повод во црковниот храм Света Троица  о Радовиш беше одржана света божествена литургија во присуство на голем број верници.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица која е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Според жотоето татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. По татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца.

И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. Постојано  Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонците. Многу цркви во Македонија се посветени на неа и го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Continue Reading

Економија

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.37%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по два денари, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

Continue Reading