Connect with us

Македонија

Делегација од Кабинетот на Пендаровски оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Виолета | Media Press

Published

on

Делегација од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

(Во живо) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Виолета | Media Press

Published

on

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Continue Reading

Македонија

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние, кој е во заминување,

Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Маричиќ потенцираше дека Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ, но и дека е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски ги повика граѓаните на нов протест

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот, да протестираат против неправда, реваншизам и насилство .

„Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија“, напиша на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски.

Протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Основнот суд Скопје 1

Continue Reading