Македонија
Вистински летни температури во текот на денот, попладне наместа со пороен дожд и грмежи
Објавено на
Од
Media Press
Времето денеска сончево и многу топло, а на некои краеви од државата променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Минималната температура се движеше во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Од утре до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.
Поврзани содржини

Денеска променливо облачно со локален дожд, пообилни врнежи од утре

Денеска заладување и дождливо во поголемиот дел од државата

Најмногу дожд наврна во Радовиш а најсилен ветер во Виница

За еден час во Гевгелија наврнале 28 литри дожд на метар квадратен

Со растот на температурите почна да расте и потрошувачката на вода во Струмица.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

