Радовиш

Рудникот Бучим повторно донира средства за потребите на Здравствениот Дом во Радовиш

Уште една донација од Рудникот Бучим за Здравствениот дом во Радовиш,  за набавка на заштитна опрема за вработените во време на справување со пандемијата со Ковид-19.

Финансиска поддршка од 300 000 денари за набавка на опрема, што е од големо значање за Здравствениот дом во овој период, за што директорката Д-р Лимонка Илиевска изразува огромна благодарност до раководството на рудникот Бучим за подршката, за оваа и за претходната донација.

Инаку  радува фактот што покрај од рудникот Бучим,  Здрвствениот Дом во Радовиш доби неколку донации  и од други  радовишки, општествено одговорни  компании, во време  на справување со корона кризата.

Д-р Илиевска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од корона вирусот, за бројот на заболени во Радовиш да не се зголемува. Инаку досега, во Радовиш има 23 позитивни случаи на Ковид -19. Во борбата против коронавирусот, активно се вклучени и Општина Радовиш и ЈП Плаваја со преземање на сите потребни мерки за дезинфекција на јавните површини и институции.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago